Убавината претставува еден од најважните императиви на секоја современа жена. Здрав и негуван изглед секако е битен фактор при оставањето добар впечаток кон другите луѓе. Ви претставуваме неколку необични начини на жените ширум светот кои ги користат за подобрување на својот изглед.

  • Јамајка. Благодетот на кактусот.

Го лупите кактусот, го цедете маслото и косата ја мијаме додавајќи го маслото. Потоа косата е бујна и ја добива потребната влажност.

  • Канада. Миење косата со ладна вода.

За сува коса потребно е миење со ладна вода. Можеби е напријатно, но практикувањето миење на косата со ладна вода и овозможува на косата природен сјај и цврстина.

  • Шпанија. Во Шпанија жените не практикуваат целосно фарбање на косата. Доколку сакаат промена на бојата тие го практикуваат тоа само на неколку прамени од косата.
  • Германија. Германките често практикуваат да ставаат мешавина на косата направена од вода и пиво, и тоа половина литар пиво помешано со малку млака вода. Го ставаат тоа во боца со спреј и ја прскаат сувата косата. Стои на косата 20мин и потоа се пери. Косата потоа е неверојатна.
  • Чешка. Миење со кромид. За русокосите да имаа сјајна коса, во Чешка користат неколку главици кримид, ги ставаат во топла вода да постојат, и кога водата ќе се излади ја користат истата вода за плакнење на косата. Не се грижете, нема непријатен мирис.
  • Тајланд. Шампон од кокосово млеко. Постои локален рецепт кој векови се користи. Го рендете кокосот и потоа го цедите кокосовото млеко и млекото го ставата над оган за да се издвои маслото. Маслото мора да биде ладно пред нанесување. Косата после тоа е неверојатно убава и цврста. Можете да го користете маслото и пред и по миење.
Прикажи повеќе