По 17 одиграни кола во Серија А, Интер е на чело на табелата со еден бод пред градскиот ривал Милан.по победата од 4-0 над Каљари.

Серијата погодоци ја отвори Лаутаро Мартинез во 29. минута. Аргентинецот можеше во првото полувреме да постигне уште еден гол, но промаши пенал.

По пет минути игра во вториот дел по едно одлично додавање на Барела, Санчез со волеј даде гол за 2-0. Негов прв оваа сезона во Серија А.

Во 66. минута Чалханоглу со убав удар од далечина погоди за 3-0, а две минути подоцна Лаутаро Мартинез со својот втор гол на мечот ги постави конечните 4-0.