Со сериозни промени во играчкиот кадар Шкупи ќе ја очекува сезоната 2023/23 во Првата македонска фудбалска лига откако раководството на клубот се одлучи за разделба со дури осум фудбалери.

Првично тимот го напуштија репрезентативниот голман Кристијан Наумовски и еден од најдобрите фудбалери од средниот ред, Фреди Алварез, додека по завршувањето на сезоната како слободни фудбалери си заминаа и Владица Брдаровски, Џелил Абдула, Мелос Бајрами, Бесник Ферати и Пепи Георгиев. Во меѓувреме, спогодбено е раскинат договорот и со голманот Стефан Јакимовски.

Денеска тимот ги започнува подготовките за европските настапи, а започна и фазата на разговори со фудбалерите кои треба да ги засилат редовите на Шкупи за настапите во квалификациите УЕФА Конференциската лига. Од клубот најавуваат дека наскоро ќе бидат познати и првите засилувања за новата сезона./Ekipa.mk/

Foto: Ekipa.mk

Прикажи повеќе