Фамтин Меџити, министерот за здравство има предлог за дигитализација на радиологијата.  Резултатите лекарите може да ги прочитаат од дома, за пациентите да не мора да чекаат по болниците и ординациите.

Имам свој предлог, визија. Дигитализација на радиологија низ цела држава, т.е. централизација на радиологијата. Во одреден град ако има доктор што чита дневно, еден рендген на една рака или нога, сега натаму нема да биде така. Онлајн ќе бидат вклучени сите. Ќе има ограничен број колку дневно треба да прочита, за да си ја изработи платата. Над тој број и дома нашите радиолози, ако сакаат за повеќе финансиски примања, ќе имаат можност да прочитаат, со цел да не се чека толку долго – рече министерот.

Здравството е во лоша состојба, признава Меџити, но вели дека има визија за реформа, со веќе најавената дисперзија на лекари низ внатрешноста, за да не мора пациенти да доаѓаат до Скопје, да трошат пари и време, туку специјалистите да им бидат достапни во нивниот град. А, апаратурата која фаќа прашина, да биде ставена во употреба.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.