‘Мора да се потсетиме дека кога беше наметната, југословенската диктатура убиваше Бугари во Македонија’, изјави бугарскиот претседател Румен Радев.

„Обидите на политичарите во Северна Македонија да изградат идентитет врз основа на фалсификатите на комунистичката Интернационала, а не на база на историска вистина, се против интересите на граѓаните на РСМ кои сакаат членство во ЕУ. Ако зборуваме за фашизам, треба да биде јасно дека Иван Михајлов е човекот кој го одби Хитлер да ја вовлече Македонија во братоубиствена војна со Бугарија. Не Иван Михајлов, туку други луѓе по воспоставувањето на југословенската диктатура во Македонија, убиваа и испраќаа десетици илјади луѓе во концентрационите логори затоа што решиле да продолжат да се нарекуваат Бугари, но не и Македонци“, кажа Радев.

Прикажи повеќе