Рускиот претседател Владимир Путин телефонски разговарал со турскиот колега Реџеп Таип Ердоган и дискутираше за прашања од билатералната агенда, објавено е на официјалната веб-страница на Кремљ.
„Во продолжение на разговорите во Казан на 23 октомври, детално се расправаше за актуелните прашања од билатералната агенда со акцент на зголемување на ефикасноста на трговско-економската соработка“, се наведува во соопштението.
Се додава дека во врска со ова ќе следат контакти на ниво на надлежни ресорски органи.
Текстот Путин и Ердоган разговараа е превземен од МАКФАКС.