Рускиот претседател Владимир Путин го прифати предлогот на рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу за тоа доброволци да дојдат и да се борат во Донецк и Луганск. Предложено е повеќе од 16 000 доброволци од Блискиот Исток да пристигнат напомош, потврди Путин.

„Ако видите дека има луѓе кои сакаат доброволно, и тоа не за пари, да одат и да им помогнат на луѓето што живеат во Донбас, треба да им се излезе во пресрет и да им се помогне да пристигнат во зоната на воените операции“, изјави Путин.

Тој истакна и дека Западот не крие дека собира платеници за Украина.

„Кога станува збор за собирање платеници од целиот свет и нивно испраќање во Украина, гледаме дека тие не се кријат. Спонзорите од Запад во Украина, украинскиот режим, тоа не го кријат, тие тоа го работат отворено, не почитувајќи ги нормите на Меѓународното право“, истакна Путин.

Рускиот лидер истакна и дека е подготвен да потпише указ доколку е потребно за вклучувањето на доброволци во воените операции во Украина. Тој исто така ја одобри идејата на Шојгу, за тоа оружјето од Запад кое е запленето во Украина да им биде дадено на трупите што се борат во Донецк и Луганск.

Овие вести доаѓаат во време кога руските сили напредуваат во Украина како резултат на специјалната воена операција, започната на 24 февруари. Москва напомена дека операцијата започнала за да се заштити народот на Донбас кој страдал од нападите на киевските сили и напомена дека целта на операцијата е демилитаризација и денацификација на Украина.