Рускиот претседател Владимир Путин вели дека можното воведување на зони за забранети летови над Украина дефинитивно треба да го направи трета страна, која потоа Русија автоматски би ја квалификувала како учесник во конфликтот. Неговиот став дојде како одговор на барањето на украинскиот претседател Володимир Зеленски, НАТО да го прогласи небото над Украина за зона на забранети летови.

„Секое движење во оваа насока ќе го гледаме како учество во вооружениот конфликт од било која страна, чија територија ќе претставува закана за нашите припадници на службата. Во тој момент ќе ги гледаме како учесници во воениот конфликт и не е важно кои се тие членови“, изјави Владимир Путин, Претседател на Русија

Путин изјави дека засега не се планира да се прогласи воена состојба во Русија.

„Патем, овие санкции што се воведени се слични на објавување војна. Но, фала Богу, сè уште не сме стигнале до тоа. Мислам дека таканаречените, во наводници, наши партнери, сè уште имаат разбирање какви би можеле да бидат последиците и заканите за секого – и покрај некои непромислени изјави како онаа дадена од министерката за надворешни работи на Велика Британија, кога таа рече оти НАТО може да се вклучи во конфликтот. Моравме веднаш да ги ставиме нашите превентивни сили во состојба на висока борбена готовност“, рече Владимир Путин, претседател на Русија

За време на состанокот со претставници на руската авиокомпанија Аерофлот, Путин рече дека евентуална одлука за воена состојба во државата би била донесена само во случај на надворешна агресија во одредени области на воената активност. /Алсат.мк 

Фатлуме Дервиши