Непознати напаѓачи ноќеска пукале со огнено оружје кон објектот на Топ чанел, најгледната албанска телевизија. Во инцидентот, кој се случил околу 1 часот по полноќ, убиен е 60-годишниот Пали Кока, ангажиран како обезбедување.

Advertisements

Полицијата и обвинителството го истражуваат случајот. Засега нема детали за околностите и мотивите за вооружениот напад.

Како што пренесува телевизијата, повикувајќи се на информации од албанските истражни органи, возило марка „рејнџ ровер“ за кое се верува дека има припаѓало на напаѓачите, е пронајдено запалено на автопатот Каваја.

Полициски екипи веднаш по пријавата изглегле на местото, а увидните екипи продолжуваат со работата за прибирање докази за расчистување на случајот и пронаоѓање на напаѓачите.

По инцидентот веднаш реагираше албанскиот претседател Блерим Бегај, кој рече дека станува збор за сериозен инцидент. Тој побара од надлежните брзо да го расветлат случајот, истовремено изразувајќи сочуство до семејството на убиениот.

Прикажи повеќе