Македонија премина од IV во III степен на ризик за пренесување на заразата, според критериумите на Европскиот центар за спречување на заразни болести ЕЦДЦ, вели професорот Дејан Трајковски, кој во својата ковид-анализа додава дека14-дневната инциденца опадна под 120 случаи на 100.000 жители за 14 дена (на првиот дијаграм), што претставува еден од трите критериуми.

По укинувањето на наредбата за задолжително носење заштитни маски, забележуваме мал застој во намалувањето на стапката на позитивни тестови (црвената линија на вториот дијаграм), но ефективниот репродукциски број Rt сепак останува под единица (на третиот дјаграм), што значи дека бројките сепак ќе продолжат да се намалуваат. Дневниот број на починати исто така се намалува (го заминавме мини врвот од потсојот БА2 на омикрон сојот од крајот од март), така што за 1-2 недели просечниот дневен број на починати би требало да опадне под 2 (на четвртиот дијаграм).
Како што се намалува бројот на новозаразени во светски рамки, така се намалуваат и шансите за појава на нови мутации, иако тие не се сосема исклучени. Како и кај повеќето пандемии, беа потребни повеќе од две години за да прележи (дури и по два пати) голем дел од популацијата, па на тој начин по пат на колективен имунитет ширењето на заразата спонтано да се намали.
Иако секоја зима веројтно ќе имаме увоз на нови инфекции од разни ендемични подрачја на планетава, барем во следните 6 месеци ќе подзаборавиме на епидемијата на корона вирусите. Ситуацијата дефинитивно оди на подобро, но жално е што преку 15.000 наши сограѓани, мерено според одвишната смртност над очекуваната сезонска смртност, не го преживеаја ова премрежие, пишува тој.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.