Попладнево група граѓани од земјава се собраа пред Руската амбасада во Скопје да дадат поддршка на Русија, но и да ги кажат како што велат вистината за причинете за воениот напад врз Украина.

Со знамиња, и пароли во боите на Руската федерација граѓаните ја бодреа Русија и извикуваа пароли на руски јазик. Тврдат дека доколку не им биле прекршени правата на граѓаните во новопрогласените републики Доњецк и Луганск немало да има никави воени дејствија од страна на Русија.

„За поддршка, да и за вистината. Поддршка за Руската федерација. Штета што се води братоубиствена војна. Тука интересите се на Америка и на Европа“, рече еден  Граѓанин. /Алсат.мк

Прикажи повеќе