Плејмејкерот на романскиот клуб Плоешти, односно претходно на МЗТ Скопје, Андреј Магдевски ја доби наградата за најдобар кошаркар, тој во трката за ова признание ги победи Бојан Крстевски и Бојан Трајковски кои освоија помалку гласови од него.

За најдобра кошаркарка е прогласена Анџелика Митрашиновиќ од Бадел 1862, наградата за најдобар клуб ја доби МЗТ Скопје, а тренер на годината е Горан Самарџиев од Еуро Никел.

За наградите гласаа клубовите, членовите на Здружението на кошаркарските тренери, претставниците на Судиската комисија, медиумите и на фановите преку интернет-страницата на КФМ.

Најдобрите во кошарката за 2021 година:

– Најдобар кошаркар: Андреј Магдевски (МЗТ Скопје / Плоешти – Романија)

– Најдобра кошаркарка: Анџелика Митрашиновиќ (Бадел 1862 / Тербес – Франција)

– Најдобар млад кошаркар: Теодор Симиќ (Барселона)

– Најдобра млада кошаркарка: Михаела Алексовска (ЖКК Крива Паланка)

– Најдобра машка екипа (сениори): МЗТ Скопје

– Најдобра женска екипа (сениорки): Баскет КАМ

– Најдобра машка екипа (младински лиги): Работнички

– Најдобра женска екипа (младински лиги): Бадел 1862

– Најдобар тренер на машка екипа (сениори): Горан Самарџиев (Еуро Никел 2005)

– Најдобар тренер на женска екипа (сениорки): Александар Ашданов (Баскет Кам 2011)

– Најдобар тренер на машка екипа (младински лиги): Андреј Апостолски-Лечиќ (Работнички)

– Најдобар тренер на женска екипа (младински лиги): Анета Глигорова

– Најдобар играч во 3 на 3: Ервин Цого (Кино Влае)

– Најдобра екипа во 3 на 3: Кино Влае

– Најдобар кошаркарски судија: Игор Митровски

– Најдобар македонски репрезент во странство: Емил Рајковиќ (Автодор – Русија / Астана – Казахстан)

– Најдобра младинска репрезентативна селекција: Женска репрезентација У-16

Македонската кошаркарска федерација додели и посебно признание за промоција на инклузивно спортување на лицата со попреченост на Специјална Олимпијада на Македонија предводена од Дарко Крстиќ и Драган Караџовски, заедно со петте атлети: Мирослав Георгиевски, Виктор Бошковски, Јане Никодиновски, Адо Дупљак и Горјан Стојковски.

Постхумно, федерацијата им додели плакети на членовите на семејствата на кошаркарските работници за исклучителни постигнувања во кошаркарскиот спорт: Благоја Георгиевски – Буштур, Марјан Лазовски, Драган Василов – Цевка, Војислав Зивчевиќ и Анте Дуковски.

Посебни благодарници добија и соработниците на федерацијата во изминатиот временски период: Македонски Олимписки Комитет, Агенција за Млади и Спорт, Кодинг Горска, Триглав Осигурување АД, ОКТА, ПЗУ Жан Митрев, „Кигили“, Јавно Сообраќајно Претпријатие Скопје, Противпожарен сојуз на Македонија и МРТ.