Германскиот  фудбалски шампион Баерн Минхен се соочува со проблеми со коронавирусот.

Тимот се комплетираше по божиќните и новогодишните празници, но на последните тестирање се појавија четири позитивни случаи на Ковид-19.

Капитенот Мануел Нојер, Кингсли Коман, Корентин Толисо и Омар Ричардс се фудбалерите кои имале симптоми на коронавирусот.

Поради тоа управата на Баерн Минхен го одложи стартот на тренинзите за два дена.