Трикратниот олимписки првак во нордиска комбинација, Германецот Ерик Френцел е позитивен на коронавирусот пред стартот на натпреварувачкиот дел на Зимските олимписки игри (ЗОИ2022) во Пекинг.

Заразен е и неговиот клупски колега Терен Вебер, а откако позитивен резултат на тестирањето вчера доби и Норвежанецот Јарл Магнус Рибер, сега сите тројца главни кандидати за медалите во нордиска комбинација на Игрите во Пекинг се во изолација.