Три недели пред почетокот на ракометното Европско првенство, Французите добија лоша информација од таборот на ПСЖ.

Шампионатот ќе го пропушти Недим Ремили, кој заработил фрактура на стапалото и мора да оди на принудна пауза.

Отсуството на Ремили е сериозен удар за францускиот селектор Гијом Жил. Никола Карабатиќ, Беноа Кунку и Јани Лен имале позитивен тест на ковид-19 и ќе го пропуштат почетокот на подготовките за Европското првенство.

Искусниот голман Венсан Жерар исто така нема да тренира од стартот на подготовките поради семејни причини.

Франција на ЕП е во група со Хрватска, Србија и Украина.