Српскиот ракометар Петар Ненадиќ нема да игра повеќе во тековната година, поради сериозната повреда на задната ложа на ногата.

Ова го соопшти Веспрем, кој ќе мора да се бори на два фронта во наредните шест недели без еден од своите најдобри ракометари.

Се очекува 35-годишникот да се стави на располагање на Давид Дејвис во јануари. Претходно Дејан Манасков ја заврши сезоната, кој ги оштети страничните вкрстени лигаменти и ‘рскавицата на коленото.