Полицијата вчера во кругот на фабрика во Тетово, го оприведе Ш.С.(24) од селото Требош, тетовско, поради основи на сомнение дека е извршител на кражба на околу три тона котури со железо.

Кривичното дело било пријавено истиот ден околу 08.55 часот од А.О., вработен во градежна компанија, објави МВР.

Тој е задржан во СВР Тетово за расчистување на случајот и против него ќе следува соодветен поднесок.

Текстот Приведен тетовец поради сомнеж дека украл три тона котури со железо од фабрика е превземен од МАКФАКС.