Организаторите на традиционалната културна манифестација „Галичка свадба” денеска на прес-конференција ќе ја претстават програмата на настанот и годинашните галички младенци, кои ќе бидат облечени во традиционални носии.

На прес-конференцијата е највено дека ќе говорат министерката за култура Ирена Стефоска, претставникот на организаторот на манифестацијата – Месната заедница „Галичник”, Александар Костиќ, и менаџерка за корпоративни комуникации на „Пивара” – Скопје, Марија Мининчиќ.