Претставниците на Исланд настапија 14-ти по ред во првата полуфинална вечер на „Евровизија 2022“, а со еден детал за време на настапот посебно го привлекоа вниманието на себе.

Имено, една членка на исландскиот бенд настапи со нацртано украинско знаме на раката.

Три дами ја претставија својата земја со звук на гитара, но она што е интересно е што главната членка на групата имаше нацртано знаме на Украина на раката.

Претставниците на Исланд симболично испратија порака за поддршка на Украина.

Во продолжение погледнете како изгледаше нивниот настап: