Кејт Келог, претставник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина, денеска пристигна во Киев за да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Посетата на Келог дојде еден ден по разговорите меѓу Соединетите Американски Држави и Русија во Ријад, чија цел беше да се стави крај на војната, а во кои Украина не беше вклучена.
„Ова ќе ни даде можност да водиме добри, суштински разговори“, рече Келог.
Тој додаде дека разговорите ќе следат по дискусиите од Минхенската безбедносна конференција, пренесува Ројтерс.
„Ја разбираме потребата од безбедносни гаранции“, им рече Келог на новинарите.
Украина постојано ја нагласува потребата од безбедносни гаранции од САД, кои би ја одвратиле Русија од повторното започнување на нова инвазија откако ќе се постигне мировен договор.
Два извори претходно за Ројтерс изјавија дека Зеленски ја одложил планираната посета на Саудиска Арабија, која беше закажана за денеска, за да не и даде „легитимитет“ на средбата меѓу американските и руските претставници во Ријад.
Трамп ја отфрли загриженоста на Украина за нејзиното отсуство од американско-руските разговори за завршување на војната, велејќи дека Киев можел порано да постигне договор со Русија.
Текстот Претставникот на Трамп пристигна во Киев на средба со Зеленски е превземен од МАКФАКС.