Стабилна е состојбата со КОВИД-19 во земјава, има намалување на дневната инциденца и сметаме дека нема потреба од дополнителни интервенции коишто би требало да направат одредени измени во начинот на кој се контролира трансмисијата на вирусот, изјави д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата за заразни болести по денешниот состанок.

Комисијата на состанокот денеска одлучила да препорача при дијагностички процедури да се користат брзи антигенски тестови наместо ПЦР-тестовите кои сега се бараат, за пациентите да не се изложуваат на дополнителни трошоци. Брзите тестови се и поедноставни и според Министерството за здравство, како што рече д-р Мехмедовиќ, на секоја јавна здравствена установа ѝ се достапни на користење околу илјада антигенски тестови за детекција на коронавирусот.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.