Последното тестирање во клубовите од Премиер лигата откри 11 случаи со Ковид-19.

По ова од Премиер лигата соопштија дека 92% од фудбалерите и вработените во клубовите имаат примено две дози од вакцината против Ковид, а тестирањето ќе продолжи според досегашната пракса и ритам.

Според последната најава од Англија, вакцинацијата се очекува да продолжи меѓу спортистите и до крајот на април сите да имаат примено најмалку две дози на вакцина.