Вечер на гламур, емоции, но и скандал. По 17 настапи, во финалето влегоа: Швајцарија, Ерменија, Исланд, Литванија, Португалија, Норвешка, Грција, Украина, Молдавија и Холандија.

А редоследот по кој беа објавени првите финалисти на конкурсот не кажува ништо за бројот на гласови што ги добиле!

Која е водечката тројка?

Италијанскиот јавен сервис РАИ одлучи на Евровизија во Торино да бидат домаќини познатата италијанска пејачка Лаура Паузини, водителот Алесандро Кателан и светски познатиот пејач Мика.

Лаура Паузини е една од најпознатите италијански изведувачи во светот. Таа освои Златен глобус, Греми и четири Латински Греми награди, а нејзината песна Ио беше номинирана за Оскар.

Алесандро Кателан како водител е на италијанската медиумска сцена веќе 20 години. Меѓу најпознатите шоуа кои ги водеше, се издвојува италијанската верзија на X-Factor.

Либанско-британскиот пејач Мика, од неговиот хит во 2007 година, Грејс Кели, ужива во кариера која не е ограничена ниту уметнички ниту географски.

На Украина цело време и аплаудираа

Украинските претставници на оркестарот Калуш настапија шести во првата полуфинална вечер во Торино и добија огромна поддршка од публиката.

Членовите на споменатиот бенд енергично ја изведоа песната „Стефанија“ која зборува за мајка, а цело време додека траеше нивниот настап беа придружени со овации од присутните во салата.

Оркестарот Калуш е на првата позиција според прогнозите на обложувалниците, а многумина предвидуваат и некое од првите три места.

Гркинката ги разбуди најнежните чувства

Младата Аманда Георгиади Тенфјорд е репрезентативка на Грција.

Меланхоличната, но не премногу драматична песна „Die Together“, која ја претставува Грција на „Песна на Евровизија 2022“, е тајно изненадување што годинава се подготвува во Италија.

Така барем велат музичките критичари, кои очекуваат бројната грчка дијаспора да гласа за Аманда Георгиади Тенфјорд и на тој начин да и обезбеди пласман во финалето.

Интересно е што и таа ќе настапи во бело, закопчана до грло, во фустан со долги ракави, исто како и српската претставничка Констракта. Аманда има 25 години и живее во Норвешка, каде што нејзиното семејство се преселило кога таа имала само три години. На своето грчко презиме го додала зборот Тенфјорд, бидејќи тоа е името на градот во кој живее.

Инаку, второто полуфинале се одржува вечерва, каде ќе настапи и претставничката на Македонија – Андреа Коевска со песната „Circles“.

Финалето е закажано за 14 мај, а потоа ќе се знае како гласале сите земји по полуфиналето.

Сите настапи од првата полуфинална вечер можете да ги погледнете во видеото подолу: