Новата година за младите ракометари од школата на Еурофарм Пелистер добија мало изненадување од претседателот на клубот, Зоран Стерјев.

Од денес сите од нив се сопственици на автобиографската книга на Кирил Лазаров со наслов „Секогаш на победа“.

Имено, претседателот се одлучи на младите ракометари од клубот да им ја подари автобиографската книга на македонската легенда Кирил Лазаров – „Секогаш на победа“. Подарокот е потпишан специјално за пригодата од авторот.