Гај Рефит од Тексас е првиот осуден од осомничените за масовните немири во Вашингтон од 6 јануари минатата година што резултираа со упад на приврзаници на Доналд Трамп во административната зграда на Капитол хил.

Рефит е прогласен виновен по сите пет точки од обвинението, што меѓу другото го товари за внесување огнено оружје во Капитол Хил, како и за попречување на официјалната процедура на прогласување на Џозеф Бајден за победник на претседателските избори.

Оваа пресуда се смета за мошне важна победа на Федералното обвинителство. Американското Министерство за правда настојува да казни стотици обвинети за учество во нападот на седиштето на американскиот Конгрес кои ја одбија понудата да се спогодат со Обвинителството.

Повеќе од 430 лица се уапсени во САД во врска со упадот во Капитол на 6 јануари, што според Обвинителството е половина од оние што учествуваа во упадот.

Прикажи повеќе