Првата Mакедонска Фудбалска Лига (ПМФЛ) често носи тренерски смени. Оваа сезона 10 од 11 учесници сменија тренери и затоа македонскиот шампионат е на второто место на светот по процентот на променети тренери според „ЦИЕС“.

Само еден клуб од вкупно единаесет учесници реши оваа сезона да не менува тренер и тоа ја става Македонија на второто место на табелата според оние „најлошите“ со трпение, пред нас е само Босна и Херцеговина кога ќе се направи анализа на европските шампионати, а веднаш зад нас е Србија.

Единствено тренер не промени тимот на Силекс, кој од почетокот на сезоната, па до сега, му верува на Горазд Михајлов.

Останатите екипи менуваа и ситуацијата беше целосна вртелешка. Шкупи кој го разреши Гоце Седлоски, а Чихад Арслан е назначен за нов предводник. Претходно, лидерот Струга го донесе Шпетим Дуро на местото на Срѓан Захариевски, Шкендија го промени Артим Шаќири со Ќатип Османи, Брегалница го донесе Горан Здравков на местото на Илчо Ѓорѓиоски…

Македонија ЃП го донесе Горан Симов на местото на Муарем Бајрами, во Тиквеш дојде Ѓорѓи Мојсов на местото на Влатко Костов, кај Работнички, Милан Илиевски го замени Љупчо Марковски, во Академија Пандев пристигна Тони Атанасов на местото на Александар Васоски, кај Скопје тоа е Мирсад Јонуз на местото на Славчо Георгиевски, додека во Победа, Благојче Дамевски го замени Бобан Бабунски.

Според оваа статистика, процентуално, 90,9% се променети тренерите во Македонија. Пред нашата лига од Европа е само БиХ со 91,7%, додека во светот, во Тунис 16 од 16 клуба променија тренери./GOL.mk/