И покрај тоа што можат да жалат за бројот на пропуштени шанси пред домашната публика, Њукасл го слават своето враќање во Лигата на шампиони по 0:0 ремито со Лестер.

Шампионите од 2016 година, пак, Лестер, сега остануваат со теоретски шанси за опстанок во последното коло во лигата Препородот“ на Њукасл под водство на Еди Хау, секако, потпомогнато од парите за засилувања на новите саудиски газди на клубот е комплетирано со тоа што наместо за опстанок, тие сега можат да се пофалат со Топ 4 пласман, пет порази оваа сезона (само Манчестер сити со 4 е пред нив) и со ветување за далеку подобра иднина.

Лестер, пак, ќе се надеваат на „кикс“ на Евертон, на кои во последното коло против Борнмут ќе им биде потребен само поен за да ги испрати нив и Лидс јунајтед во Чемпионшип. Лестер игра дома со Вест хем, додека Лидс, исто така дома, го пречекуваат Тотенхем

Прикажи повеќе