„Њујорк тајмс“ ги повлече своите дописници од Русија и првпат по повеќе од еден век весникот ќе нема известувачи во оваа држава.

„Многу тажен ден за историјата на ‘Њујорк тајмс’ во Москва. Ги повлековме сите дописници од земјата. Таму имавме новинари постојано од 1921 година, со еден или два кратки прекини поради пречки со визата. Ниту Сталин, ниту Студената војна, ништо не нè избрка“, напиша на Твитер поранешниот шеф на бирото на весникот во Москва, Нил Мекфаркухар.

Весникот информира дека се повлекува од Русија поради новото законодавство, според кое кривично се гонат новинарите, кои во известувањето руската инвазија врз Украина ја поврзуваат со „војна“ и се соочуваат со казна затвор од 15 години.

Прикажи повеќе