Според медиумите во Италија, тимот на Рома можеби е подготвен да го продаде Николо Заниоло за само 40 милиони евра, откако за него се заинтересираа екипите на Јувентус, Тотенхем и Милан. Генералниот директор на Рома, Тиаго Пинто истакна дека не може да гарантира дали Заниоло ќе биде на ,,Олимпико,, следната сезона.

Актуелниот договор на Заниоло со Рим истекува во јуни 2024 година, а разговорите за обновување сега наидоа на проблеми. Сега, како што пренесува „Калчомеркато“, Рома ќе биде подготвена да прифати понуда од 40 милиони евра за италијанскиот напаѓач.

Сезонава Заниоло успеа да забележи 26 настапи во сите натпреварувања за Рома и забележа четири гола и пет асистенции.

Прикажи повеќе