Една година од почетокот на имунизацијата против ковид-19 во Македонија 40,9 отсто од вкупното население е вакциниррано со две дози, покажува извештајот на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Вакцинацијата во Македонија против ковид-19 почна на 17 февруари 2021 година.

Заклучно со 13 февруари годинава вакцинирани се вкупно 868.818 лица со барем една доза на вакцина против ковид-19 во државата и странство. Комплетно вакцинирани (со две дози) се вкупно 847.072 лица, а со трета доза се вакцинирани 137.048 лица.

Со една доза на вакцина против ковид-19, во државата и странство, вакцинирани се 52,1% од населението над 18 годишна возраст, односно 48,2% од население над 12-годишна возраст, додека од вкупното население вакцинирани се 42,0%.

Опфатот со две дози на вакцина против ковид-19 кај населението над 18 годишна возраст изнесува 50,8%, односно 47,0% кај население над 12 годишна возраст.

Бројот на аплицирани дози измината недела изнесува вкупно 6.553, од тоа 703 се први дози, 1.374 како втора доза и 4.476 аплицирани како трета доза.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.