Поранешниот премиер Шинзо Абе, лидерот со најдолг стаж во Јапонија, почина денеска откако беше застрелан додека водеше кампања за парламентарните избори, пренесе Ројтерс повикувајќи се на информации од политичката партија на Абе.

Advertisements

Маж отвори оган врз Абе (67) од зад грб со очигледно рачно изработен пиштол додека тој зборуваше на  сообраќаен остров во западниот град Нара.

Полицијата на префектурата Нара на лице место го уапси осомничениот Тецуја Јамагами (41), кој не пружал отпор при приведувањето.

Ова е прв атентат на актуелен или поранешен јапонски премиер од деновите на предвоениот милитаризам во 1930-тите.

Прикажи повеќе