„Хуго Марадона е мртов“, соопшти Наполи во кусото соопштение, потврдувајќи ги информациите на италијанските медиуми дека доживеал срцев удар.

„Ел Турко“, како што гласел неговиот прекар, живеел во Монте ди Процида, 15 километри западно од Неапол. Хуго Марадона, како славниот Диего и неговиот брат Раул, играл фудбал. Бил играч од средниот ред, но неговата кариера не била толку плодна.

Бил член на аргентинската репрезентација до 16 години, на 18 години потпишал за Наполи, но набрзо се преселил на позајмица во Асколи. Тој поминал две сезони во Рајо Ваљекано, една сезона во Рапид, а играл и за клубови во Јужна Америка, Јапонија и Канада. По завршувањето на кариерата во 1999 година, тој работел како аматерски и младински тренер. За разлика од неговиот славен брат, Ел Турко живеел мирен живот и имал три деца.