Двете страни постигнале договор и сега преостанува само уште фудбалерот да ги помине медицинските прегледи и да стави потпис на фоговорот. Експертот за трансфери Фабрицио Романо пренесува дека Ричарлисон се наоѓа во родниот Бразил каде што ќе ги помине прегледите.

Advertisements

Тотенхем на „карамелите“ за Ричарлисон ќе има плати сума од 50 милиони евра, а со разни бонуси тој износ би можел и да се зголеми.

Следната сезона „петлите“ повторно ќе играат во Лигата на шампионите и затоа неопходни им се засилувања. Ричарлисон и покрај повредите во изминатата сезона беше еден од играчите кои со своите настапи го сврте вниманието на себе и може да се каже дека ќе биде добро засилување за лондонската екипа.

Извор: спортски.мк

Прикажи повеќе