Интер и Аталанта постигнаа комплетен договор за трансфер на Робин Госенс, пренесуваат италијанските медиуми.

Госенс игра фантастично во дресот на Аталанта, а блесна и на ЕУРО во дресот на германската репрезентација.

26-годишниот Германец има договор со клубот од Бергамо до јуни 2023 година, па поради тоа Аталанта се согласи да го продаде во јануари.

Интер за Германецот ќе плати 25 милиони евра, но Госенс ќе пристигне на „Џузепе Меаца“ најпрво на позајмица со задолжителен откуп на лето.

Госенс ќе потпише 5-годишен договор со „нероаѕурите“ и сигурно ќе биде големо засилување за Инзаги бидејќи Германецот е еден од најдобрите фул-бекови во Европа.