Поранешниот шпански фудбалер Сантјаго Отеро (38) е пронајден мртов во када, откако доживеал струен удар.

Неговата сопруга телото го пронашла откако се вратила од ноќна смена на работа.

Полицијата верува дека екс фудбалерот бил удрен од струја откако телефонот кој му бил на полнач, паднал во вода. Се верува дека тој бил мртов околу 10 часа пред да го пронајде сопругата.

Локалните извештаи наведуваат дека починатиот човек со полно име Сантјаго Отеро Гонзалес имал изгореници на градите каде бил и неговиот мобилен телефон.