Тренерот на англискиот прволигаш Брентфод, Томас Френк, изјави дека треба да се одложи целото коло во Премиер лигата овој викенд поради сè поголемиот број заразени со коронавирус во клубовите, јавија денеска британските медиуми.

– Бројот на заразени со коронавирус расте во сите клубови од Премиер лигата и поради тоа сите имаат проблеми. Потребно е да се одложи целото коло овој викенд, како и Лига куп натпреварите, што на сите би им дало барем една недела време да се расчисти состојбата и да се прекине овој синџир. Со тоа би се овозможило предвидените натпревари на „Боксинг деј“ да се одржат според планот, изјави Френк, додавајќи оти во неговиот клуб има 13 позитивни на Ковид – 19.

Стратегот на Брентфорд наведе дека контактирал со Премиер лигата и оти има согласност со неговиот став.