Германскиот фудбалер Пол Ванер стана најмладиот играч на клубот на натпревар од Бундеслигата. Тој синоќа со 16 години и 15 дена дебитира за баварскиот гигант на средбата со Борусија Менхенгладбах во натпреварот од 18. коло на шампионатот во Германија.

Ванер во игра влезе во 75. минута но не успеа да му помогне на својот тим да го избегне поразот (1:2).

Претходно, најмлад фудбалер на Баерн на меч од Бундеслигата беше Џамал ​​Мусиала со 17 години и 115 дена. Ванер оваа сезона одигра 17 натпревари за младинскиот тим на Баерн Минхен, постигна три гола и три асистенции.