Тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино, зборуваше за ситуацијата со договорот на парискиот напаѓач Килијан Мбапе.

– Во фудбалот, договорна ситуација може да влијае на играчот ако тој не е доволно зрел. Мбапе нема таков проблем, тој веќе е прилично зрел фудбалер. Се надеваме дека Килијан уште долго ќе остане во клубот. Во оваа ситуација, одлуката мора да ја донесат двете страни. Се надевам дека Мбапе ќе игра оваа година како и минатата и дека решението на проблемот ќе биде позитивно и за него и за нас, изјави Покетино за „Франс 24“.

Во сезоната 2021/22, Мбапе одигра 24 натпревари за ПСЖ, постигна 15 гола и 15 асистенции. Дваесет и тригодишниот Французин има договор со клубот до крајот на јуни 2022 година.