Како што пишува „Мирор“, Маурисио Покетино и ПСЖ се пред извесна разделба, Аргентинецот има отворен пат да дојде во Манчестер Јунајтед.

Покетино не е среќен во ПСЖ, а Јунајтед го гледа како решение на клупата, иако има најави дека Ралф Рангник би можел од привремено да стане трајно решение, се чини дека таа опција повеќе не е „жива“…

Рангник ќе оди ниво погоре во клубот, работата која ја обожава, ќе биде консултант, а Покетино ќе биде новиот тренер на Јунајтед, тврди „Мирор“.