Тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино изјави денеска оти верува дека напаѓачот Килијан Мбапе би можел да се предомисли и да остане во клубот од Париз.

Мбапе ова лето бараше од клупското раководство да му дозволи трансфер во Реал Мадрид, но тоа не беше прифатено од челните луѓе, кои настојуваат со него да потпишат нов повеќегодишен договор.

– Килијан ќе донесе својата одлука, а клубот ќе стори сè што е возможно да го задржи. ПСЖ може да го убеди да остане. Би можел да се предомисли околу својата иднина на клупски план, изјави Покетино.

Реал ова лето понуди 200 милиони евра за услугите на Мбапе, што ПСЖ го одби.

Мбапе има важечки договор со францускиот гигант до крајот на сезоната, а од јануари ќе може да преговара за трансфер во друг клуб.