Маурицио Покетино ќе го превземе кормилото на Манчестер Јунајтед, а нов тренер на ПСЖ ќе биде Зинедин Зидан, најавуваат англиските медиуми.

„Црвените ѓаволи“ како идеален тренер за новиот проект на клубот го гледаат аргентинскиот стратег кој со успех го предводеше Тотенхен во минатото.

Популарниот „Зизу“ и во минатото беше поврзуван со враќање во Франција каде како опција се јавуваат репрезентацијата на „триколорите“ и ПСЖ, а клубот од Париз се јавува како поверојатна опција.