Популарниот шпански поет и сатиричар Фреј Хозефо предизвика бурни реакции со својата интересна објава на Твитер.

Шпанецот, кого на оваа популарна социјална мрежа го следат повеќе од 160.000 луѓе, го „боцна“ Надал по освојувањето на 21. Грен слем во кариерата.

„Му честитам на Надал за титулата на Австралија опен. Се надевам дека Рафа, покрај тоа што ќе се заблагодари на семејството, тренерот, физиотерапевтот, техничкиот персонал, ќе ја има предвид и австралиската влада, која му го тргна Новак Ѓоковиќ од патот“, напиша тој на Твитер. .

Очекувано, поради неговиот однос, веднаш беше нападнат од приврзаниците на Надал.

Популарниот сатиричар не му прости на Надал што не го поддржа Ѓоковиќ додека беше во притвор, туку отворено застана на страната на австралиските власти.

„Факт е дека Надал е неверојатен како тенисер, како стандард на нашата нација, како спортист, како пример за пожртвуваност, карактер и добра работа. Но тој е човек, а не божество, затоа не е безгрешен“, изјави Шпанецот.