Бразилскиот фудбалер на ПСЖ Нејмар ќе се рехабилитира помеѓу шест и осум недели од повредата со која се здоби на мечот со Сент Етјен.

Оваа информација денес официјално ја потврди клубот, после деталните лекарски прегледи кои му беа направени на Бразилецот.

Нејмар има повреда на глуждот, како и оштетување на лигаментите. Од клубот потврдија дека во следните 72 часа на Нејмар повторно ќе му бидат направени прегледи.

„Тестовите направени во неделата вечерта потврдија дека има оштетување на лигаментите на левиот зглоб. Затоа Нејмар ќе биде надвор од терените шест до осум недели. За 72 часа ќе бидат направени нови тестови за прецизно да се утврди тежината на повредата“, соопштија од ПСЖ.