Познати се учесниците во натпреварот во забивање на олстар-викендот во Кливленд. Листата ја објави најпознатиот НБА-инсајдер, новинарот на „Атлетик“, Шемс Чаранија.

Како што објави Чаранија, за трофејот во најатрактивното натпреварување на олстар-викендот ќе се натпреваруваат: Џејлен Грин од Хјустон, Хуан Тоскано Андерсон од Голден стејт, Оби Топин од Њујорк и Кол Ентони од Орландо.

Играчот на Њујорк Никс, Топин, и лани учествуваше во овој натпревар, другите тројца се дебитанти.

Натпреварот во забивање ќе се одржи на 19 февруари во Кливленд, ден подоцна ќе се одигра олстар-натпреварот.