По комплетирањето на првата полусезона и одигрувањето на единаесет натпревари од македонскиот кошаркарски шампионат, познати се паровите од Купот на Македонија кои се одредуваат според пласманот на табелата.

Битолски ќе презими како лидер, па така во Купот ќе го добие ривалот кој е под број „осум“, тоа е сккопски ТФТ. МЗТ Скопје како втор ќе се соочи со седмиот, Гостивар, додека од позициитте три и шест ќе се судрат Работнички и Феникс. Во последниот дуел, Академија ФМП оди на Еуро Никел.

  • ПАРОВИ ЗА КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА:

(1) Пелистер – (8) ТФТ
(2) МЗТ Скопје Аеродром – (7) Гостивар
(3) Работнички – (6) Феникс 2010
(4) Навико Академија ФМП – (5) Еуро Никел 2005

Натпреварите од Купот на Македонија е предвидено да се играат во новата година, веројатно месец февруари.