На последниот конгрес на Европската ракометна федерација во Виена, беа доделени организациите на претстојните континентални шампионати.

Кај мажите, Европското првенство во 2026 година ќе се игра во Данска, Норвешка и Шведска, додека она во 2028 година ќе биде во Шпанија, Португалија и Швајцарија.

Кај дамите, континенталниот собир во 2026 година ќе се одржи во Русија, додека во 2028 домаќини на ЕП ќе бидат Данска, Шведска и Норвешка.

Од ЕП во 2024 година и бројот на учесници се зголемува на 24 репрезентации, па нашата женска селекција ќе има полесен пат да стигне до настап на котинентален собир.