Двете денешни средби од Првата македонска кошаркарска лига донесоа по еден триумф за домаќините и гостите, односно победи за Кожув и Еуро Никел.

Кожув славеше на гостувањето кај Куманово (85:89) во натпревар кој донесе драматична завршница во корист на составот од Гевгелија.

Вилијамс со 25 и Граниќ со 17 поени беа најзаслужни за победата на Кожув, додека во составот на Куманово, Настовски стигна до 29 поени.

Во Кавадарци, Еуро Никел конечно се израдува на победа и тоа против новиот прволигаш Феникс (88:78), што за домаќините е само втора победа сезонава.

Томиќ со 23 и Соколов со 18 поени имале најголем поентерски учинок во редовите на победничката екипа, засенувајќи ги 24 поени постигнати од Морган во редовите на Феникс.