Рјоју Кобајаши победи и на втората станица во овогодинешното израние на „Четирите скокалници“, која се одржа во Гармиш-Партенкирхен.

Јапонецот триумфираше вторпат, откако беше најдобар и во Оберсдорф. Со скок од првата рунда со кој достигна 143 метри, Кобајаши ја остави конкуренцијата зад себе. Второпласиран во Гармиш-Партенкирхен беше Маркус Ајзенбихлер со само 0,2 поени помалку од Кобајаши кој заврши со 291,2.

Третото место му припадна на словенечкиот ски-скокач Ловро Кос кој финишираше со 286 поени. Третата станица на „Четирите скокалници“ е закажана за трети јануари во Инсбрук.