Убедлива победа на Шкупи против Скопје, како и победа на Шкендија против Пелистер и четири реми натпревари, го одбележаа 16-тото коло во Првата машка фудбалска лига кое се одигра овој викенд.

Резултати 16-то коло ПМФЛ

Скопје – Шкупи 1-3Шкендија – Пелистер 2-1Борец – Македонија ЃП 1-1Академија Пандев – Брегалница 0-0Струга Трим Лум – Тиквеш 0-0Работнички – Ренова 0-0

Исходот од 16-тото коло не донесе драстични промени на табелата на ПМФЛ имајќи предвид дека дури четири натпревари завршија нерешено. На врвот од табелата останува Шкупи, потоа Академија Пандев, додека, трети се Шкендија.

Следното, 17-то коло од Првата машка фудбалска лига ќе се одигра во среда, 8 декември 2021 година.