Последно пласираната екипа во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) Пелистер ќе ја продолжи битката за опстанок во прволигашката коонкуренција со нов тренер, откако досегашниот шеф на стручниот штаб Димитар Капинковски поднесе неотповиклива оставка.

Капинковски ја напушти клупата на Пелистер по саботниот пораз во Битола од Македонија ЃП со 2-0.

Пелистер е единствената екипа без триумф по воведните 12 кола во ПМФЛ и со само четири бодови е на последното место на табелата пред дуелот на домашен терен против Струга идниот викенд.